Ќерката на Трамп стана хит на интернет: Се обидувала да се вклопи на самитот Г20, а лидерите постојано ја игнорирале

836

Покрај американскиот претседател Доналд Трамп, големо внимание на самитот Г20 во Осака привлече и неговата ќерка која има титула на советничка во Белата куќа.

Неколку снимки кои се појавија на интернет покажуваат колку Иванка се обидувала да се вклучи во групата поединечни лидери и макар накратко да поразговара со нив. Како што се чини, дел од нив не биле воодушевени од оваа идеја и не сакале таа да биде дел од разговорот, а американските медиуми пренесуваат дека “Иванка им додевала на лидерите на самитот”.

На снимката се гледа францускиот претседател Емануел Макрон, британската премиерка Тереза Меј, канадскиот премиер Џастин Трудо и Кристин Лагард, генералната директорка на “MMF”.

Се разговарало за социјална правда, а подоцна во разговорот се вклучила и Тереза Меј:

“Штом во разговорот ќе го вклучите и економскиот аспект, многу луѓе почнуваат да слушаат, а во спротивно не би го правеле тоа”, рекла таа.

Во тој момент се вмешала Иванка, велејќи дека во поединечни области “доминираат мажи”, а поради тоа сите го забележале изразот на лицето на Лагард. Многумина забележале дека таа превртела со очите, а некои истакнуваат дека Кристин се однесувала многу непристојно и ја окарактеризирале како “сноб на светската класа”.

Сепак, иако можеби Иванка “ѝ одела на нерви”, Лагард подоцна се искупила со објавата на Твитер во која позира со ќерката на Трамп и холандската кралица Максимa.