Ќерката на Трамп „уловена“ во непријатна ситуација – поради тоа социјалните мрежи „горат“

1267

Наследничката на поранешниот амeрикански претседател била „уловена“ на терасата од хотелот во кој што престојува.

Ќерката на Доналд Трамп, Тифани (27), која што ја има од бракот со Марла Мејплс, американска водителка и актерка, моментално е на одмор во Мајами со својот вереник Мајкл Болос и семејството, а фотографите „ја уловиле“ во непријатна ситуација.

Имено, таа била во хотелот и за момент излегла на тераса, па била „уловена со отпушок и запалка во раката“.

Покрај тоа големо внимание привлекол и вереничкиот прстен кој што блескал на нејзината рака, а чија вредност е проценета на 1,2 милиони долари.

Тифани рачно ја изгасила смотаната цигара во тегла на хотелската тераса. Меѓутоа, многумина претпоставуваат дека таа не пушела обична цигара.

Со оглед на тоа што никогаш досега не била забележана со цигара во рацете, па не е познато дека е пушач, на социјалните мрежи веднаш почнаа да се шират коментари дека станува збор за марихуана.

Сепак, засега тоа се само шпекулации. Да ве потсетиме, Тифани неодана ја запроси нигерскиот мултимилионер Мајкл во градината на Белата куќа. Инаку, тој е наследник на нигерскиот конгломерат „Boulos Enterprises“, а живеел во Нигерија додека не ја запознал Тифани на Миконос во 2018 година, по што се преселил во Америка.