Клинт Иствус се сплеткал со 65 години помладата девојка, Нур Алфа, која станала позната поради врската со легендарниот пејач, Мик Џегер.
Манекенката има само 23 години, но изгледа дека сака доста постари мажи. Папараците ја фатиле додека била излезена со Иствуд, иако така негира дека се во било каква емотивна врска. Дејли Меил пишува дека се фотографирани додека излегувале од автомобилот и делувале како да се многу блиски, иако младата манекенка тоа го негира.

„Нема романтична врска. Не се забавуваме. Ние сме само семејни пријатели“, рекла таа Дејли Меил.
Инаку, Нур се забавуваше со фронтменот на групата Ролинг Стоунс, Мик Џегер во 2017-та година, но набрзо раскинале.

Нур исто така била во врска со милионер кој е постар од неа 34 години. Од друга страна, изгледа дека и Клинт ја раскинал врската со 33 години помладата девојка Сандра, со која бил од 2014-та година.