Кобно тропање на погрешна врата: Млад Афроамериканец се збунил во новата населба, уредно се извинил, но староседелецот немал милост!

825

Тинејџер во Атланта е убиен во петокот наутро, откако излегол од лифтот и тропнал на погрешна врата во апартманската населба каде што живеел.

Според полицијата, 19-годишниот Омариан Бенкс и неговата девојка неодамна се преселиле во нов стан во Ретрит, населба со обезбедување во јужна Атланта.

Бенкс ја користел апликацијата Фејсбук додеа разговарал со својата девојка кога тропнал на врата на погрешен стан. Набрзо се повлекол, кога бил соочен со 32-годишниот Дерил Бајнес, кој пукал во Бенкс, после кратка расправија.

„Го слушнав како вели: ‘Жал ми е, тропнав на погрешна врата.’ А потоа човекот рече: ‘Не, не ти е. Црнецу, ти си во правата куќа.’ И потоа пукаше трипати“, рекла девојката на Бенкс за локалната телевизија.

„Го гледав како доаѓа и сè што слушнав беше: ‘Жал ми е, тоа беше погрешна врата’, рекол друг сведок. Одговорот беше: ‘Не сте на погрешна врата’ и пукаше во него трипати. Го видов како паѓа на земја.“

Бајнс ѝ рекол на полицијата дека го убил Бенкс во самоодбрана, но полицијата верува дека пукањето се случило додека Бенкс се обидувал да побегне.