Коѕијас: Сакаа длабоко да ме закопаат, a заборавија дека сум семе

1892

Кусо по оставката, на Твитер се јави и Никос Коѕијас, кој им се обрати на министрите и на премиерот Алексис Ципрас. Тој преку поетски стихови порача дека го направил својот избор.

„Доаѓа моментот, вели поетот, да одлучиш со кои ќе одиш и кои ќе ги напуштиш. Премиерот и низа министри на вчерашната владина седница го направија нивниот избор и јас мојот. Но, добро е да го запаметат стихот: Длабоко да ме закопаат сакаа, a заборавија дека сум семе“ Коѕијас напиша на Твитер.

Претходно со реакција се јави и еврокомесарот Јоханес Хан, кој нагласи дека по оставката на Коѕијас, клучно е да се сочува преспанскиот договор.