Кога американските авиони ќе го нападнат рускиот С-400: Еве како изгледа симулацијата на нападот на моќното руско оружје

664

Американската корпорација “Lockheed Martin”, објави промотивно видео во кое се симулира воздушен напад на руско вооружување.

На повеќе од половина од видеото се покажуваат ударите на авионите на оваа компанија на рускиот С-400 против-воздушен систем и мобилниот интерконтинентален балистички систем Топољ-М, додека нараторот зборува за „растечките закани по американската безбедност.

Новото видео на “Lockheed Martin” е посветено на развојната програма “Skunk Works” која е елитна дивизија задолжена за тајни истражувања и развој и можат да се видат прототипови на авиони, и веќе активниот стелт ловец од петта генерација Ф-35.

Инаку, против-воздушниот систем С-400 е еден од најнапредните против-воздушни ракетни системи на светот. Неодамна верзија на овој систем купи Турција, а има најави дека примерот на Анкара ќе го следи и Индија.