Кога човештвото ќе развие колективен имунитет на коронавирусот?

601

Пандемијата на болеста предизвикана од коронавирусoт уште еднаш го привлече вниманието на јавноста за феноменот наречен „имунитет на стадото“ или колективен имунитет, кој може да игра важна улога во нејзиното намалување.

Што е имунитет на стадо?

Ова е ситуација кога доволно луѓе од популацијата се имуни на инфекцијата за таа да престане да се шири.

Имунитетот на стадото не е важно дали се должи на вакцинација или антитела од луѓе кои ја прележале болеста. Важно е дека тие се имуни.

Колку повеќе се шири инфекцијата со новиот коронавирус, толку повеќе луѓе ќе се опорават и ќе бидат имуни на идните инфекции.

„Кога околу 70 проценти од населението се стекнува со имунитет, шансите за нова инфекција стануваат помали, затоа што повеќето се веќе отпорни на вирусот“, вели д-р. Мартин Хиберд, инфектолог во Лондонската школа за хигиена и тропска медицина. „Ние го нарекуваме тоа имунитет на стадо“.

Дали тоа ќе влијае на пандемија на коронавирусот?

Постојните докази покажуваат дека со тековната пандемија, едно заразено лице инфицира две до три други. Ова значи дека, доколку не се преземат други мерки, „ имунитет на стадото“ ќе се појави кога меѓу 50 и 70 проценти од населението станува имуно.

„Но, не мора да биде така“, вели Метју Бајлис, професор по инфектилогија на универзитетот Ливерпул.

Со намалување на бројот на заразени од едно заразено лице, што се постигнува со социјално или физичко растојание, затворање на училиштата, работа од дома и миење на рацете, имунитет на стадото се појавува порано, објасни професорот.