Милијардерот Ворен Бафет е сигурен дека до врвот го довеле правилата до кои целиот живот строго се придржувал.
Пред речиси 20 години, во текот на едно предавање на универзитетот во Флорида, еден студент му поставил прашање на Бафет: „Кога би можеле да почнете од почеток, што би промениле?“.
Одговорот кој следел ја објаснил суштината на животот:
„Никој нема привилегија да живее два пати, но секој од нас има можност да го промени она што не му се допаѓа во животот. Најважно е да го правите тоа што го сакате, без разлика дали станува збор за работа или приватен живот. Да ми понудеше некој да заработувам милиони, но да соработувам со луѓе кои не ми се драги, веднаш би ја одбил таа понуда“.
За да биде човек среќен и успешен, мора да ужива во секоја секунда од животот. Секогаш правете го само она што сакате – гласи неговиот совет. Еве како тоа ќе го промени целиот ваш живот:
Многумина мислат дека се подразбира работата да биде стресна и непријатна, а вистината е сосема поинаква, само луѓето не се спремни доволно долго да трагаат. Стравот од промена и излезот од зоната на комфорот ги кочи во постигнувањето на успех и голема среќа. Човек мора да работи за да може да си дозволи убав живот, но повеќето забораваат дека мора и да се забавуваат на истото тоа работно место.
Работното време од 8 часа е долг период, а ако сте незадоволни секој ден, тоа на крајот резултира со фрустрации што се одразуваат и на животот.
Луѓето кои се зафатени со она што го сакаат се поотворени за нови можности. Тие се спремни да прифаќаат предизвици и да ризикуваат, а кога ќе „паднат“, знаат како да „станат“ и да продолжат понатаму.
Правејќи го она што го сакате, создавате круг на позитивна енергија околу себе, а со самото тоа си создавате поубав и посреќен живот и тогаш успехот е неизбежен.
Дали се согласувате со неговото мислење?