Кога го забележал ова нешто во авионот со кој што патувал, доживеал паничен напад: „Спречив потенцијална катастрофа“

688

Карл Хадад се возел со авион од Либан кон Канада, кога забележал дека на прозорецот на кој што до само пред неколку минути спиел, се појавила пукнатина.

Како што раскажал за „BuzzFeed“ тој доживеал паничен напад, но набрзо се освестил и веднаш знаел што да прави.

Одлучил да ги повика луѓето од екипажот и да спречи потенцијална катастрофа.

Стјуардесата го довела капетанот да види за што станува збор, а Карл целата ситуација ја снимил и потоа ја споделил на социјалната мрежа ТикТок.

Карл во видеото изјавил дека капетанот одлучил присилно да слета откако ја видел дојавата, но во реалноста капетанот наводно го убедувал Карл дека не станува збор за голем проблем и дека ќе слета што побрзо на нивната конечна дестинација.

Иако Карл тврди дека пукнатината била голема и дека авионот почнал да опаѓа во висина по неговата дојава, компанијата тврди дека никој од патниците не бил сериозно загрозен.

„Делот во кој што се случи тоа всушност е дел од рамката каде што ”ролетната” се повлекува горе-долу. Тоа е пластичниот дел од рамката, а не важен конструкциски дел“ – се огласиле од копанијата.