Големиот историски анимозитет помеѓу овие две поранешно-југословенски држави не беше пречка за хрватскиот репрезентативец Рок Стипчевиќ да искаже куп пофални зборови за играта на четата предводена од Александар Ѓорѓевиќ, не плашејќи се од можните негативни коментари од своите сонародници.
„Оваа Србија е една од најдобрите, ако не и најдобра европска репрезентација во последните 20-25 години. Точка!“, напиша Стипчевиќ.
Ova Srbija je jedna od najboljih ako ne i najbolja Europska reprezentacija zadnjih 20 do 25 godina. TOČKA
— Rok Stipcevic (@RStipcevic) September 4, 2019
Имуни на фантастичната игра на „орлите“ не останаа ниту хрватските медиуми, кои со суперлативи ја опишуваат играта на Јокиќ, Богдановиќ, Бјелица и останатите. Србија во втората фаза ќе се сретне со Шпанија и со Порторико, а во групата е и Италија.