Кога истовремено јадете домати и краставици, вие си наштетувате на вашиот организам

672

Многу често, речиси секојдневно ни се случува, после оброкот за ручек, да се чувствуваме уморно, да чувствуваме тежина во стомакот, надуеност, поспаност.

Сето тоа во нашиот мозок го решаваме со два збора – се прејадов! И си ги трпиме последиците како нешто најнормално, сè до наредниот оброк.

Наместо тоа, во иднина, обидете се да се едуцирате малку повеќе околу комбинациите на храна. Времетраењето на варење на различните намирници, има огромно влијание во тоа дали тие смеат да се комбинираат меѓу себе.

Во продолжение, ние ќе ви предочиме само неколку штетни комбинации на храна. Ајде не штетни, тоа е можеби претежок збор, но комбинации кои ви прават потешкотии во варењето.

Дали постои по природна комбинација од домати и краставици во салата? Сепак, сите оние што ја јадат оваа комбинација си наштетуваат на својот организам!

Проблемот со комбинација на домати и краставици, според ајурведските принципи на исхрана, е тоа што доматот и краставицата во нашиот желудник се варат поинаку.

Затоа, кога тие се комбинираат, постои голема веројатност дека ќе се случи ферментација во желудникот и после оброкот ќе се чувствуваме уморно, можно е да имаме грчеви, гасови и да чувствуваме надуеност.

Покрај домати и краставици и овие намирници треба да избегнувате да ги комбинирате::

Овошје после оброк: На овошјето му треба подолго време да се свари, а ако се јаде веднаш по оброкот, ќе предизвика дисбаланс во варењето на останатата храна. Затоа, овошје е најдобро да се јаде 1 час пред оброк!