Еден ден мудрецот го однел својот ученик во парк, лоциран во подножјето на шумата. Во паркот имало лавиринт со високи и мазни ѕидови, кои се осветлувале од сончевите зраци. Учителот го придружувал ученикот до влезот и му поставил задача да го открие сам излезот. Тој скитал во лавиринтот цел ден и цела ноќ, но неговите напори биле залудни. Бил во ќор-сокак. Очајно се обидувал да најде излез. Конечно од исцрпеност поседнал на земјата и заспал. Кога ги отворил очите, го видел пред себе наставникот. – Следи ме – рекол тој.
Излегле од лавиринтот и без вртење, наставникот тргнал низ шумата. Кога стигнале на највисокото место на ридот, тој му рекол на ученикот: – Гледај надолу! Од местото на кое се наоѓале, се гледал целиот лавиринт.
Гледајќи од тука, можеш ли да го најдеш излезот од лавиринтот? – прашал учителот. – Да, и тоа лесно – рекол ученикот. Треба само да го набљудувам внимателно некое време. Добро, тогаш најди го и запамети го добро – рекол учителот. Потоа тргнале назад низ шумата. Ученикот повторно влегол во лавиринтот, но овој пат го нашол излезот многу брзо, без да се загуби ниту еднаш.
Лекцијата, која штотуку ја доби е меѓу најважните тајни од уметноста на животот – рекол мудрецот,чекајќи го на излезот. – Колку повеќе се оддалечуваш од одредена ситуација и одвисоко ја погледнеш, толку појасно и поцелосно ќе ја видиш. Така многу побрзо и полесно ќе можеш да го најдеш излезот од неа.