Кога ќе се скарате со некој од своите блиски, сетете се на оваа приказна

704

Постоеле двајца браќа кои живееле на соседни фарми и се скарале еден со друг.

Тоа била нивна прва посериозна кавга во текот на 40 години како што живееле заедно како деца, а потоа и еден до друг, делејќи многу нешта во животот. Само во еден миг, согласноста меѓу нив била нарушена, а сите нешта почнале од мала кавга и многу лоши и груби зборови.

Едно утро некој чукнал на вратата на еден од браќата. Кога тој ја отворил вратата, видел човек со столарски алат велејќи: Барам работа. Можеби на оваа твоја фарма би имало место за мене.

Да, рекол постариот брат. Знам што можеш да направиш за мене. Ја гледаш онаа друга куќа покрај мојата? Тука живее мојот сосед, всушност тој е мојот помлад брат. Претходно меѓу нас постоеше ливада, но тој копаше од реката до тука и меѓу нас сега постои еден голем поток. Тоа го направи за да ми напакости, но ќе му вратам? Ги гледаш они дрва покрај шталата? Сакам да ми направиш  ограда висока 2 метри и веќе да не го гледам ниту него, ниту пак неговата куќа.

Столарот рекол: Јасно ми е. Ќе го направам тоа, но потребни ми се уште алати.

Постариот брат отишол до градот за да ги набави сите потребни материјали. Столарот во меѓувреме, во текот на целиот ден мерел и работел.

Кога постариот брат се вратил, столарот веќе ја имал завршено работата. Бил вчудоневиден.

Воопшто немало ограда. Тој направил мост кој ги спојувал двете страни на потокот. Тоа бил преубав мост, а од другата страна му се приближил неговиот помлад брат со раширени раце.

Тој му рекол: Навистина си сјајна личност кога правиш мост и покрај сѐ што ти направив.

Браќата застанале, секој на својата страна на мостот и полека тргнале еден кон друг, среќавајќи се на средината. Виделе дека столарот си ја зема својата кутија со алати и си заминува.

Чекај – викнале тие. Би сакале да ти се заблагодариме. Остани на вечера.

Би сакал, но морам да направам уште многу мостови –  извикал столарот.