Претседателот на Русија, Владимир Путин, веќе сме го виделе во бројни несекојдневни ситуации како јавање, управување на подморница, игра со тигри или постигнување на голови во хокеј, но овој пат тој се обидел и како снајперист.
Во текот на посетата на воениот парк “Патриот”, кој се наоѓа во Кубинки, претседателот на Русија во текот на разгледувањето на галеријата на снајперско оружје кое го произведува концернот “Калашников”, решил и да го тестира.
Имено, тој од новата снајперска пушка “SVCh-308” испукал пет куршуми на мети оддалечени на 600 метри.
Станува збор за полуавтоматска пушка која се произведува во два калибри: руски стандард: 7,62x54mm и НАТО стандард: 7,62×51.
Засега е познато дека во дизајнерска, но и во функционална смисла оваа пушка се разликува од традиционалните шеми кои се карактеристични за советските/руски снајперски пушки.

Нејзиниот нов дизајн и функционалност ќе ја поедностават монтажата на различни типови на нишани, посебно ноќните термовизиски оптички уреди, но и ќе го намали нејзиниот вкупен габарит и ќе ја упрости постапката за чистење и одржување.
Благодарение на големиот интерес од странските партнери за новата снајперска пушка “SVCh”, речиси и да е извесен и нејзиниот висок извозен потенцијал.


