Руската студентка, 22-годишната Ајна Џабраилова, внука на контроверзниот тајкун Умар Џабраилов, се венчала на раскошна чеченска свадба во Москва овој викенд со нафтениот менаџер Хајдар Шерипов.
Околу 600 сватови присуствувале на дводневната церемонија. Невестата го спакувала својот мираз во дури 32 “Луј Витон” ташни и “Версаче” куфери, кои сами по себе се скапоцени. Иако не се знае колкав е миразот, се верува дека не е цел во пари, туку и во подароци.
Една од двете венчаници кои ги носела на венчавката, е креација на либанскиот моден дизајнер Зухаир Мурад. Таа во оригинал имала полу-провидно здолниште, пред невестата да замоли поставата да биде променета.
Вториот ден носела креација на Елиј Саба, исто така либански дизјанер.
Церемонијата била одржана по сите правила на чеченската традиција, што означувало дека младоженецот Хајдар Шарипов бил отсутен од поголем дел од свеченоста. Исто така, алкохолот бил забранет и невестата цело време морала да биде на нозе.
За да се подготви за венчавката, невестата со својата мајка отишла на шопинг во Милано, Париз и Дубаи.
Невестата цело време гледала во под, со сериозен израз на лицето, како што наложува традицијата. Чеченската невеста мора да молчи на венчавката, бидејќи претераното зборување се смета за знак за празна глава и нескромност.
Таа била поставена на посебно, изолирано место на кое стоела. Не смеела да танцува. Според чеченските обичаи, на подиумот мажите и жените не смеат да се премногу блиску едни до други.
Според чеченската традиција, невестата смее на гостите да им понуди само вода и да им посака добро здравје. Додека не ја предадат на сопругот, цело време ја следи нејзиниот брат.
На невестата за време на свадбата, некое време и даваат во раце да држи нечиј првороден син, за бракот да биде благословен со деца.
Во текот на церемонијата, гостите им подаруваат на младенците различни подароци. Жените во главно носат корисни работи за дома, додека мажите подаруваат пари или овци.
На свадбата сватовите ги забавуваат професионални танчери со традиционални игри.