Убијците Наим и Рамиз Асани осудени на доживотен затвор за убиството на 17-годишниот Енис Исмаили, 14-годишниот, Енгин Исмаил и 18 годишниот Раметула Ибиши, во 2006 година во скопската населба Серава се на слобода.
Веста за ова, како што пишува весникот KOHA ја споделиле многу жители на Арачиново од каде што се и обвинетите.
Меѓу другите и Фејсбук профилот на СДСМ Арачиново му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за ослободувањето од доживотен затвор на Назим и Рамиз Асани, а профилот се заблагодари и на Градоначалничката на општината, Миликије Халими.
Фејсбук статусот на СДСМ-Арачиново:
„Alhamdulillah
Наим Асани и Рамиз Асани од Арачиново се ослободени од доживотен затвор.
Благодарност до премиерот Зоран Заев и градоначалничката на општина Арачиново Миликије Халими, што овозможи правдата да биде воспоставена.
Благодарност до сите пријатели, добронамерници“.