Кој е најголемиот лажго во зодијакот?

1333

Кој од знаците е најголем лажго?

Овен

Овенот секогаш ја кажува вистината. Тие го кажуваат првото нешто што им доаѓа на ум. Од другите очекуваат да се однесуваат потполно на истиот начин.

Бик

Родените во знакот на Бик избегнуваат да лажат. Понекогаш, иако ретко, им се случува несвесно да изговорат некоја лага или да излажат само доколку некој ги натера да го сторат тоа.

Близнаци

Честопати се случува Близнаците да излажат, бидејќи се трудат да им се допаднат на сите околу нив. Понекогаш станува збор за некоја мала лага, додека другпат за нешто многу сериозно. Ова се случува затоа што Близнаците не умеат да направат разлика помеѓу мала и голема лага.

Рак

Ракот лаже само кога не сака да повреди некого. Ќе ја каже целосната вистина само доколку процени дека таа нема да повреди ничии чувства.

Лав

Лавот никогаш нема да ве излаже. Секогаш ќе ви ја каже вистината, каква и да е таа, бидејќи Лавот смета дека тоа е најдобриот избор.

Девица

Кога Девицата се чувствува загрозено, таа ќе изговори лага. Ако треба да се одбрани себеси или сопствените аргументи, таа сигурно ќе ве излаже, но доколку се посомнева дека ќе биде откриена, малку ќе ја ублажи лагата.

Вага

Вагата лаже, но сосема малку, само тогаш кога вистински е неопходно. Се труди да биде во добри односи со сите, па понекогаш посегнуваат по лаги само за да ја одржат рамнотежата на добри односи.

Скорпија

Скорпијата е пред сите кога станува збор за лажење. Честопати се случува да си изградат цел еден свет од лаги, па нивните пријатели и семејството да имаат сосема поинаква претстава за нив. Ова се случува затоа што сакаат да бидат главни.

Стрелец

Стрелецот е најискрениот знак во зодијакот. Понекогаш им се случува сосема несвесно да изговорат некоја смешна лага, но само затоа што сакаат да прават шеги и добро да се забавуваат, не со цел да повредат некого.

Јарец

Јарците секогаш мора да ја постигнат зацртаната цел и не бираат начин и средства како ќе го остварат тоа. Некогаш им се случува да ја премолчат вистината, само за да ја постигнат целта.

Водолија

Водолијата лаже само кога смета дека лагата ќе ѝ донесе нешто добро и корисно во односите со другите луѓе. Сепак, немојте да им земате многу за зло, никогаш немаат лоши, злобни намери и не сакаат да наштетат никому.

Риби

Рибите имаат склоност да ги разубавуваат работите со мали лаги, со цел да ги направат нештата поинтересни во животот. Честопати се случува да излажат за нешто што (не) им се случило, за некои ситници.