Не може секоја држава да се пофали со атлетски градени министри, па така во текот на викендот снимката од израелскиот министер за туризам, Јоел Развазов, привлекла големо внимание, до толку што реагирал и премиерот на државата.
“Заборавија ова да ни го кажат – Развозов е најзгодниот министер за туризам што некогаш сме го имале”, стоело во описот на видеото на кое се гледа маж како излегува од вода, со даска за сурфање.
40-годишниот Развозов, инаку член на партијата на Јаир Лапид, претходно успешно се занимавал со џудо, а земјата ја претставувал на европски и светски првенства, како и на Олимписките игри.
משהו ששכחו לספר לנו על הממשלה החדשה:
יואל רזבוזוב הוא שר התיירות הכי חתיך שהיה לנו pic.twitter.com/0JDaWjvMHc— Eran Swissa (@EranSwissa) June 18, 2021
Бидејќи имал неколку значајни повреди, одлучил повеќе да не се занимава со спорт, па влегол во политиката, но и натаму редовно вежба и сурфа.
На саботниот состанок на Кабинетот, новиот премиер на Израел, Нафтали Бенет рекол: “Јоел, престани да ги засрамуваш мажите пред нивните сопруги”.
Розвозов брзо одговорил: “Јас само ги промовирам израелските плажи”.