Скопје има микро клима, особено изгор лето, како што е ова. Затоа Скопјани секој слободен миг го користат да избегаат надвор од градот, во чија околина има преубава природа, ама и убави локации со луксузни вили.

Токму во една таква, полна со луксуз и раскош, и одвнатре и однадвор, со лулашки, дивани и базен, со прекрасен поглед на македонската метропола ужива и се одмора Елеонора.

Нашата претставничка во реалното шоу „Задруга“ уште таму со своите телесни адути покажа дека слободно може да им парира на српските пејачки и старлети, па откако заврши си вети дека уште повеќе ќе работи на себе за совршено тело.
Иако рака на срце или каде веќе ќе ја ставите, Елеонора и вака изгледа речиси совршено, на како што вели, ова совршено место за одмор и релаксација со прекрасен поглед кон цело Скопје.


Ама, кој ќе ти ја гледа панорамата на Скопје, кога има поглед на една друга… На нашата Нора од „Задруга“! Одзади – сон, однапред – авион…


Конечно, кога најлутата конкуренција ќе те пофали со тие зборови, тоа значи, дека девојката зрачи!

А вие за да си го разубавите денот погледнте како Елеонора ужива во базенот!

Откако ќе ги прелистате фотографииве и погледнете видеото на крајот од прелистувањето, верувајте, многу нешта ќе ви останат во сеќавањето. Ќе ве погодат илјада „аморови стрели“, а можеби и некое „копје“ од еротска идила во луксузната вила во близината на Скопје!