Откако голманот на Динамо, Даниел Загорац се пошегувал со спортската новинарка Дилета Леота која ја нарекуваат “сопственичка на најдобрите гради во Италија“, многу од луѓето се заинтересирале за таа русокоса.
„Моментот кога влезе Дилета на стадионот“ – се пошегувал Загорац со фотографијата на која со колегите Доминик и Дино гледале во ист правец.
Дилета е 28-годишна спортска новинарка која работи за италинаскиот “DAZN“, а ја прогласуваат за една од најубавите спортски новинарки во светот.
На Инстаграм ја следат повеќе од 5.5 милиони луѓе. Со новинарство почнала да се занимава во родната Сицилија во 2010-та година, а сега е голема ѕвезда во Италија.
Пред два месеци Дилета прошетала по трибините, а навивачите почнале да извикуваат: „Извади ги градите, Дилета извади ги градите!“.
Таа само се насмеала и со прстот покажала дека тоа нема да се случи. Снимката од настанот станала вирална и брзо се проширила по сосцијалните мрежи.
„Тоа беше недоразбирање. Навивачите на Наполи ме поддржуваа, но потоа отидоа предалеку. Тоа беше само шега, а мојата реакција во тој момент беше иронична“ – рекла подоцна.
Растот на популарноста на Дилета се случил во 2016-та година кога ѝ бил хакиран мобилниот телефон и во јавноста се појавија нејзини голи фотографии.
„Мобилниот константно ѕвонеше – повици, пораки… Прво не плачев, најдов сила, но по три дена се срушив“ – открила таа.
„Можеби некои од тие фотографии сум ги испратила на некој, но не сум ги видела со години пред него што протекоа и мислев дека сум ги избришала. Не би ги опишала ниту како секси“ – додала таа.