Која е згодната руска „јутјуберка“ која го прекина финалето на ЛШ?

1707

Еден од најинтересните моменти на инаку релативно досадното финале на ЛШ помеѓу Ливерпул и Тотенхем, секако, беше истрчувањето на теренот на полуголата девојка во првото полувреме, која, секако благодарение на Интернетот не остана анонимна долго.

Според повеќе британски веб-сајтови се работи за рускиот модел за костими за капење, Кинси Волански, инаку девојка на познатиот руски „јутјубер“ Витали Здоровецкиј, попознат по неговиот канал со невкусни шеги „VitalyzdTV“, и сајтот „Vitaly Uncensored“.

Токму овој сајт беше на градите на Волански кога таа истрча на теренот на „Ванда метрополитано“. Самиот Здоровецкиј има забрана за присуствување на големи спортски натпреварувања, поради повеќе обиди да се влезе на терен, вклучувајќи го излетувањето на финалето на СП во 2014 година.

Моќта на социјалните мрежи се покажа веднаш – пред излегувањето на теренот, Волански имаше десетина илјади следбеници на Инстаграм, а само час подоцна има повеќе од половина милион.