Ако верувате дека љубовта е запишана во ѕвездите и хороскопскиот знак има големо влијание врз успешноста на врските, тогаш овој хороскоп ќе ви даде прецизен одговор на прашањето „кога ќе ја запознаам сродната душа?“
Дали 2020-та година ќе биде пресудна на поле љубов? Дали статусот ќе ви се промени на подобро?
Овен
Мали се шансите дека токму 2020-та година ќе ве спои со вашата сродна душа, претежно затоа што ќе бидете посветени на кариерата и парите. Сепак, не би требало да се чувствувате виновни за ова. Нема ништо лошо во тоа да сакате да се фокусирате на себе.
Бик
Во наредната 2020-та година среќата ќе ви биде наклонета, па ќе запознаете специфична личност. Според астрологијата, Универзумот ќе се бори за да најдете среќа во љубовниот живот и да формирате нешто долгорочно.
Близнаци
Можно е да запознаете посебна личност во наредната година, но тоа не мора да биде ново познанство, туку и продлабочување на некое веќе постоечко. На прв поглед, ќе ви се чини како возбудлива шанса, но астролозите ве советуваат да не брзате.
Рак
Годинава која изминува беше во знакот на себе-сакањето, а ова ќе ви се исплати во наредната 2020-та година. Сè што вложивте во себе ќе ве направи попривлечни и подостапни за личност каква што ви треба моментално во животот. Брзо ќе се вљубите.
Лав
Постои голем потенцијал во 2020-та година да запознаете некоја нова, возбудлива личност. Сепак, мора да внимавате повеќе да се вложите ако сакате работите да успеат. Исто така, мора да ги игнорирате туѓите мислења.
Девица
Следната година ќе имате огромни шанси да воспоставите долгорочна поврзаност со личност која ќе ја запознаете набрзо. Бидете малку поотворени со мислите и работите ќе се свртат во ваша полза.
Вага
Не ги вложувајте сите надежи во запознавањето на нова личност во наредната 2020-та година. Ѕвездите велат дека годината нема да биде поволна за долгорочна љубов, туку само за кратки авантури. Фокусирајте се на себе, блиските и работата.
Скорпија
Со оглед на тоа што 2019-та ви донесе среќа на поле љубов, 2020-та сепак ќе ви донесе повеќе среќа на поле пари и финансии, отколку на запознавање нови луѓе кои може да прераснат во ваша сродна душа. Сепак, бидете благодарни.
Стрелец
Ќе запознаете некој посебен во наредната година, без сомнеж. Сепак, стабилноста на долги стази може да биде под знак прашалник. Ќе мора да напуштите одредени амбиции и цели за да најдете заеднички јазик со личноста.
Јарец
Наредната 2020-та година ќе биде во знакот на љубовта и врските, но повеќе на нивно усовршување и учење. Постојано ќе бидете во процес на откривање новитети. Сепак, ѕвездите ви се насмевнуваат, па додека учите од грешките, сродната душа може да се појави токму во тој хаос.
Водолија
Ќе запознаете многу личности во 2020-та година и секоја од нив ќе биде посебна. Сепак, врските кои ќе ги остварите нема да остават длабок печат и само ќе ве научат што сакате, а што не. Не се надевајте на долгорочна стабилност.
Риби
Според астролозите, имате совршени шанси да ја запознаете љубовта на вашиот живот во 2020-та година. Романтичните желби конечно ќе ви бидат исполнети и Универзумот ќе ви го подари токму тоа што го барате.