Колку долго може да се јадат велигденските јајца?

1115

Веќе е трет ден Велигден а на сите ни останаа многу велигденски јајца во ладилникот, а она што е најважно е да знаеме до кога се јадат, бидејќи не ретко се случува болниците да се наполнат по празниците, поради прејадување и труење.

Свежите јајца во фрижидер можат да стојат четири до пет недели.

Тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата можат да влезат бактерии. Така во ладилник стојат најмногу една недела.

Предлог рецепт за денеска:

Салата со јајца – Не ги фрлајте по Велигден туку направете деликатес

СОСТОЈКИ: 4 компири, 2 моркови, 2 варени јајца, 4 кисели краставички, 100 гр. мајонез, 250 гр. кисела павлака, 150 гр. кашкавал и сол и бибер.

ПОДГОТОВКА: Се варат заедно компироте и морковот и се варат и јајцата во друг сад. Се делат лупените сварени компири на три дела. Се ренда првиот дел на дно на сад, врз него се става мајонез и павлака, па се ренда морков, па јајца па сечени кисели краставички. Се ставаат и зачини. Пак се повторува постапката два пати. Се ренда кашкавал горе.