Колку заработија „Пријателите“ од повратничката епизода на култната серија?

722

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Ле Бланк, Дејвид Швимер и Метју Пери – повторно беа заедно на малите екрани.

Главните ѕвезди од серијата „Пријатели“ наводно за повратничката епизода заработиле меѓу 2,4 и 3 милиони долари, пренесува „Hollywood Reporter“.

Шесте главни ѕвезди од серијата се вратија на малите екрани откако серијата заврши со снимање на нови епизоди во далечната 2004 година, а нивните животи повторно беа под лупата на милионите фанови на серијата ширум светот.

Британски „Daily Star“ пишуваше и за богатството на Пери, односно Чендлер Бинг од серијата, а пренесоа дека актерот е „тежок“ речиси 120 милиони долари. Тој глумеше во сите епизоди од серијата, поточно во 236 во периодот од 1994 до 2004 година.

Како и останатите главни актери д серијата, за првата сезона Пери бил платен нешто повеќе од 22 илјади долари од епизода. Тој износ се искачил на милион долари од епизода до последната сезона.

Како што пренесува „USA Today“, главните актери од „Пријатели“ заработуваат и 18 до 20 милиони долари годишно од репризите на серијата и авторските права на истата.