Колумбијката поради која ќе заборавите на Шакира им го забрза пулсот на присутните во Кан

883

Меѓу ѕвездите кои синоќа прошетале на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Кан се нашла и колумбиската убавица која изминативе години ја хипнотизираше планетата.

На 75-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, синоќа премиерно беше прикажана француската драма „Nevini“ во режија на Луј Гарел.

На црвениот тепих се најдоа голем број од славните, а меѓу нив и Аријадна Гутијарез, прославената манекенка и некогашна Мис Колумбија.

Убавата Аријанда се појавила во фустан од син сатен со постава кој ги откривал рамената и го истакнувал деколтето, го нагласил нејзиниот струк, а потоа се шири во раскошен балски крој и ја следи фигурата на тело.

Сепак, не станува збор за уште една бајковита креација, туку Аријадна одлучила да носи провокативен модел со шлиц…

Манекенката носела и проѕирни хеланки со сини кристали со различни димензии, а истите украси се наоѓале и околу струкот во кој се спојувале ленти кои го придржуваат фустанот околу вратот.

Аријанда со несекојдневниот фустан носела и сребрени сандали со високи тенки потпетици, а од накит носела само минијатурни обетки.

Убавата Аријанда во 2014 година била Мис на Колумбија, а тогаш се нашла во центарот на внимание во јавноста затоа што прво по грешка била прогласена за победничка, а потоа морале да ја разочараат пред сите.

Во 2017 година била во врска со италијанскиот плејбој Џанлука Ваки, но љубовта не траела долго.

Аријанда е популарна на Инстаграм, каде ја следат над 3,6 милиони луѓе, а пред неколку години се појавила во акцискиот трилер „xXx: Return of Xander Cage “.