Комедија во студиото на ЕСПН: Кумовите Шекил и Баркли го прекрстија Богдановиќ

1067

Легендите на НБА кошарката од минатото, Шекил Онил и Чарлс Баркли, веќе неколку сезони се стручни аналитичари на ЕСПН, каде нудат свои стручни анализи за натпреварите.

Додека на се зборуваше за натпреварот Бостон – Индијана, редот за коментар дојде и за перформансите на Богдан Богдановиќ, а потоа се случи коме(н)дија во студиото.

Шекил Онил се обиде да го изговори правилно името на српскиот кошаркар, но „зариба“ во тоа, а дополнително сакаше да го збуни и Чарлс Баркли со тоа што му го истури името Бојан, додека Шекил го верглаше и името Божан.