Комисијата ги продолжи рестриктивните мерки за уште една недела

578
По денешното заседавање, комисијата за заразни болести донела одлука, досегашните рестриктивни мерки да продолжуват уште една недела поради непредвидливоста на вирсуот и се уште високата трансмисија, велат извори за Канал 5 телевизија.

Според изворите, наредниот понеделник ќе има повторно заседавање на комисијата за заразни болесни каде што повторно ќе се разгледува епидемиолошката ситуација, па согласно и ќе се одлучува, а на тој состанок тема ќе бидат и мерките кои што ќе бидат на сила за претстојните празници.

Граѓаните кои што ги анкетиравме сметаат дека мерките се уште треба да бидат на сила, а прокоментираа и што очекуваат за празниците.

Угостителските остануваат затворени за гости, и ќе продолжат само со достава, обложувалниците и понатаму ќе работат со едно-шалтерски систем, а под клуч остануваат фитнес центрите. На сила останува и полицискиот час од 20 до 5 часот наутро.

Властите очекуваат постојните мерки да ги намалат бројките на новозаразени, а кон тоа ќе придонесе и вакцнинирањето кое се одвива. Денеска Македонија ќе ја добие првата од двете пратки Фајзер вакцини, каде што земјава ќе добие 10.00 дози.

Вакцинирањето на повозрасните тече и понатаму, а денеска се очекува и првата, од двете пратки Фајзер вакцини, каде што земјава ќе добие 10.000 дози. Вторите 10.000 вакцини треба да стигнат наредниот понеделник, а само два дена потоа според најавите и доколку се тече како што треба ќе пристигнат и 200.000 дози од кинески синофарм.

Кај дел од граѓаните се уште има дилеми во однос на безбедноста на вакцините, па на оваа тема разговаравме со биоинженерот Д-р Горан Кунгуловски.

Деновиве се очекува да пристигнат и останатите 76.000 дози Астразенека преку ковакс системот. Досега во земјава се вакцинирале речиси 39.000 граѓани, а заинтересираност за имунизација според официјалните информации пројавиле преку 175 илјади лица.