„Комити“ повикаа за нов протест вечерва пред Собрание

952

Навивачката група „Комити“, која со своите факели го осветли небото пред македонското Собрание пред четири дена, повика на нов протест против договорот Заев-Ципрас вечерва од 20 часот пред зградата на Парламентот.

„Ќе повториме дека ние, иако не зeмаме пари за одбрана на татковината како полицијата и војската, како граѓани, должни сме да излеземе и да си го браниме ова наше парче земја. Ги повикуваме повторно сите навивачки групи и сите слободоумни патриоти да дојдат, да се сплотиме како едно. Ако не сте во можност за да дојдете во Скопје, организирајте се локално.
Последен пат ве повикуваме на мирен протест, а за наредниот период нека се мислат. Нас апсења и притисоци не нè плашат. Порака до тие што се закануваат: ние не сме ни ‘режимот’ , а ни ‘шарената револуција’, ние сме ‘Комити’ и ќе ве најдеме, а останатото сте го читале во учебниците по историја. Запомнете, борбата е да им го смениме менталитетот на нашите политичари, да научат да ги ценат и бранат интересите на македонскиот народ, а не да ги распродаваат. Никој не е појак од народот кога е сплотен.
Затоа, ве замолуваме, раширете го идеалот за слобода, соберете ги вашите најблиски и без страв излезете на улица, ве повикува вашата мајка Македонија!

Да живее Македонија!!!“, стои во прогласот на навивачите на Варда