Конечно добри вести: СЗО објави дека се намалува бројот на заразени од коронавирус во светот!

772

За прв пат од почетокот на септември, Светската здравствена организација (СЗО) забележа пад на бројот на ново заразени со вирусот корона во светот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.

Тој објасни дека тоа е поврзано со намалување на инциденцата во Европа, „благодарение на ефикасните, но тешки мерки што се воведени“.

Ова е добра вест, но ние мора да ја толкуваме со голема претпазливост, додаде Гебрејезус.

Според неговите зборови, бројот на случаи на ковид-19 сè уште расте во другите региони во светот, како и бројот на смртни случаи од вирусот. Во таа насока, тој повика да се покаже одговорност пред новогодишните празници и да се процени колку ќе биде безбедна прославата за време на пандемијата.

Претходно, СЗО објави дека бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирусот во светот во изминатите 24 часа е повеќе од 564 илјади, а починале 8.985 лица.

Од почетокот на пандемијата, регистрирани се над 63,3 милиони случаи на ковид-19, од кои повеќе од 1,4 милиони луѓе починале од ковид-19. Во моментов има повеќе од 18 милиони активни случаи на ковид-19 во светот.