Конечно е расветлено зошто Хабиб го нападнал тимот на Мекгрегор: Сè започнало поради овој човек

1303

Неверојатната победа на Хабиб Нурмагомедов над Конор Мекгрегор не престанува да ја интересира светската спортска јавност, а едно од главните прашања беше зошто Дагестанецот веднаш по победата ја прескокна оградата на октагонот и ги нападна членовите на тимот на Конор.

Во центар на кавгата бил Дилон Данис, 25-годишниот американски ММА борец која во кариерата има само еден меч и победа во првата рунда над Кајл Вокер. Данис во последните две години работи со Конор кој го довел во својот тим да ги унапреди своите вештини пред реваншот со Нејт Дијаз.

Новата снимка од друг агол конечно открива и зошто настанал самиот хаос по победата на Хабиб над Конор. Имено, како што рекол Нурмагомедов, и во текот на мечот добивал прозивки и навреди од страна на тимот на Мекгрегор, а по победата се свртел кон нив и почнал да ги прозива.

Во тој момент Данис му возвратил на прозивките, а токму тогаш покрај него поминал менаџерот на Хабиб, Ризван Магомедов, кој нешто посилно го потапкал Дилон по грбот и му порачал да се смири.

Тој изреагирал бурно на тоа, а токму во тој момент Хабиб забележал дека дошло до несогласување помеѓу Данис и неговиот менаџер, па самиот ја прескокнал оградата и го нападнал тренерот на Мекгрегор.

По ваквиот инцидент, настанала општа тепачка во која тренерот на Хабиб неколку пати го удрил тренерот на Конор во главата. Истовремено следела и тепачката во октагонот помеѓу Конор Мекгрегор и членовите на тимот на Нурмагомедов, каде Конор удрил двајца, а потоа третиот му пришол зад грб и го удрил во глава.