Конечно и СЗО кажа нешто оптимистичко: Пандемијата се намалува!

726

Повеќе од 23,65 милиони луѓе се заразени од Ковид-19 ширум светот, а 811.000 починале!

Пандемијата на коронавирус продолжува да се шири, но растот на бројот на нови инфекции и смртни случаи во светот се забавува, со исклучок на Југоисточна Азија и источниот Медитеран, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Во својот последен извештај за епидемиолошката состојба, објавен во понеделникот вечерта, СЗО истакна дека Јужна и Северна Америка остануваат најтешко погодени, што претставува половина од новите случаи и 62 отсто од смртните случаи минатата недела.

Повеќе од 23,65 милиони луѓе се заразени ширум светот, а 811.000 починале, покажуваат податоците на Ројтерс за вторникот.

Минатата недела СЗО објави дека има нови 1,7 милиони заразени и 39 илјади нови смртни случаи што е за 4 проценти помалку заразени и за 12 проценти помалку смртни случаи од претходната недела – соопшти агенцијата на Обединетите нации.

Југоисточна Азија, вториот најпогоден регион, забележа 28 отсто зголемување во нови случаи и 15 отсто повеќе смртни случаи. Повеќето од нив се во Индија, но вирусот брзо се шири и во Непал.

Во источниот Медитеран бројот на заболени се зголеми за 4 проценти, но бројот на умрените опадна во последните шест недели, соопшти СЗО. Најбрзиот раст го забележаа во Либан, Јордан и Тунис, споредено со минатата недела.

Бројот на нови инфекции и смртни случаи во Африка опадна за 8 и 11 проценти, пред се поради намалувањето на бројот на нови случаи во Алжир, Кенија, Гана, Сенегал и Јужна Африка.

Во Европа, бројот на случаи расте во изминатите три недели – се вели во извештајот на СЗО.

Но, минатата недела е забележан мал пад од еден отсто, но и континуирано намалување на бројот на умрените.

Во регионот на Западен Пацифик, бројот на случаи се намали за 5 проценти, пред се поради забавување на експанзијата во Јапонија, Австралија, Сингапур, Кина и Виетнам.