Конечно признала зошто ставала игли во јагодите: Ѝ се закануваат 10 години затвор! Случајот кој го шокираше светот

1458

Надзорничката во фармата за јагоди “Berrylicious”, 50-годишната Мај Ут Тринх ставала игли во јагодите од инает, било кажано пред судот во Бризбејн.

Мај е обвинета дека ја контаминирала робата со намера да направи економска штета, и и се закануваат 10 години затвор, пренесува австралиската државна телевизија ABC.

Обвинителството соопштило дека жената би требало да остане во притвор, бидејќи постојат луѓе кои ја бараат поради одмазда.

Мај е уапсена поради иглите пронајдени во пакетите со јагоди.

Откако првите случаи биле пријавени во септември, австралиската полиција отворила обемна истрага.

Од тогаш биле пријавени повеќе од 100 случаи во кои игли и шпенагли биле пронајдени во јагоди.

По тоа откритие, продавниците ги повлекле јагодите од рафтовите, а австралиските фармери морале да фрлат тони овошје.

Првиот случај бил пријавен во австралиската држава Квинсленд, каде еден маж завршил во болница.

Стравот од јагодите со игли се проширил и на Нов Зеланд.

Во Квинсленд, австралиската влада ја кренала максималната висина на затворската казна за таквите злосторства од 10 на 15 години.

За информација која би довела до апсење на виновниците претходно биле понудени 100.000 долари.