Актуелниот македонски шампион Вардар по низата заминувања, се чини конечно го доби првото ново име за следната сезона.
Германските медиуми утрово пренесуваат дека младиот 21-годишен пикер Сергеј Горпишин веќе потпишал за Вардар. Станува збор за репрезентативец на Русија кој настапува во Бундес лигата за екипата на Ерланген.
Горпишин треба да претставува замена за Рожерио Мораеш кој се сели во Веспрем. Па така „црвен-црните“ следната сезона на линијата ќе имаат двајца Руси сооглед на тоа што тука е Калараш, а покрај нив е и Стојанч Стоилов.
Со овој трансфер се исполнуваат најави дека Вардар во следната сезона оди во насока да биде еден вид „руски национален“ проект.