УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор и раперот Машин Ган Кели за малку ќе имале физичка пресметка на црвениот тепих по повод MTV VMA наградите.
Имено, на фотографиите и снимките кои се појавиле на социјалните мрежи се гледа дека 33 годишниот Конор фрлил пијалак кон 31 годишниот рапер, но до конфликт не дошло поради навремена реакција на обезбедувањето.
Извори за магазинот “People” објасниле дека Конор побарал да се фотографира со раперот, но пејачот наводно го одбил неговото барање.
Conor McGregor threw a drink at Machine Gun Kelly at the VMA's 😳
(via laurademytrk/IG) pic.twitter.com/yMMudgq3YG
— Bleacher Report (@BleacherReport) September 13, 2021
“Конор полуде поради тоа. Го испушти стапот, потоа го зеде и почнал да мавта кон Кели”, рекол изворот.
Во меѓувреме, претставникот на Конор не сакал да коментира за целата ситуација.
“Кели присуствуваше на последната борба на Конор. Мекгрегор и неговата сопруга отишле да ги заземат своите места и да уживаат во шоуто. Конор ги цени своите обожаватели”, порачал претставникот на ММА ѕвездата.
McGregor vs. MGK is your next celebrity boxing match. @roughnrowdy https://t.co/OBKQLwf9hn
— Barstool Sports (@barstoolsports) September 13, 2021
Инаку, Мекгрегор на црвениот тепих во Њујорк бил во друштво на сопругата Ди Девлин.
Од друга страна, Машин Ган Кели прошета со својата девојка Меган Фокс која се појави во целосно провиден фустан. Токму Меган во еден момент застанала во гужвата која се создала со цел заедно со обезбедувањето да спречи тепачка.