Контроверзии околу православната катедрала: Досега нејзината изградба чинела 110 милиони евра, граѓаните бесни

849

Вселенскиот патријарх и патријархот на Романската православна црква ја осветиле новата голема црква во Букурешт за викендот, и покрај контроверзиите по повод употребата на јавни фондови за овој гигантски проект.

Граѓаните на Романија, една од најсиромашните земји на ЕУ, се побуниле бидејќи сметаат дека парите кои се наменети за храмот, може да се искористат подобро.

Десетина илјади луѓе стоеле пред катедралата на Народното спасение на 25-ти ноември, каде литургијата ја предводел гостинот од Истанбул, патријархот Вартоломеј Први, кој се смета за лидер на православната заедница ширум светот, со поддршка на романскиот патријарх Даниел.

Осветувањето уследило помалку од една недела пред обележувањето на Големото обединување на 1-ви декември, национален празник за обединувањето на Трансилванија, Бесарабија и Буковина со кралството Романија пред 100 години.

Романската патријаршија соопштила дека недовршеното здание, досега чинело 110 милиони евра. Со три четвртини од износите кои доаѓаат од јавниот фонд, трошоците создале контроверзии во земјата каде инвестициите во инфраструктурата, како што се болниците, се повеќе од потребни.

“Трошоците за изградба се многу високи, но барем црквата покажала дека може да изгради таков проект. Нашите избрани политичари не се во состојба да направат ни патишта”, рекла Романката Гергијана за “Guardian”.

Патријаршијата тврди дека на Романија “и е потребна репрезентативна национална црква, која ја симболизира верата, слободата и достоинството на народот”. Околу 86 проценти од жителите на Романија се православни верници.

Осветувањето на црквата е извршено и покрај тензиите внатре во православната црква, по повод украинското настојување да создаде независна национална црква.

Импозантна градба

Првите планови за една нова соборна црква во Букурешт настанале уште кон крајот на 19-тиот век. По Првата светска војна во обединетата Романија започнале првите проекти, но Втората светска војна, а потоа и комунустичките власти спречиле понатамошно остварување.

Во 90-тите години оживеала идејата за нова соборна црква. Теоктист, тогашниот патријарх на Романската Православна црква, предложувал храм во димензии слични на храмот Света Сава во Белград. Во 2004. година романското народно собрание го прифатило и одобрило проектот за новата црква.

Изградбата на 120 метри високата црква во Букурешт, која ќе биде во можност да прими 5.000 верници, почнала во 2010. година и се очекува дека ќе биде целосно завршена до 2024-та година. Таа се издигнува над Палатата на Парламентот во близина, изградена под патронат на комунустичкито диктатор Нукулеа Чаушеску.

Покривајќи површина од 14.000 метри квадратни, катедралата ќе биде втора највисока зграда во Романија, а највисока православна катедрала на светот. Главното ѕвоно ќе се наоѓа на висина од 120 метри.

Храмот во Букурешт ќе има слични димензии како храмот на Спасителот Христос во Москва. Со своите димензии храмот ќе биде на второ или трето место највисоки православни цркви на светот, а ќе биде највисока православна црква во југоисточна Европа.