Двајцата стартери Квича Кварацкелија и Леван Шенгелија нема да им помогнат на останатите сонародници во натпреварот против Македонија за пласман на Европското првенство во 2021 година.
Пред денешниот тренинг, сите репрезентативци на Грузија беа тестирани за ковид-19, по што беше откриен вирусот кај Кварацкелија и Шенгелија, кои сега ќе одат во самоизолација, а најверојатно ќе ги пропуштат и дуелите против Ерменија и Естонија.
— Kerkida.net (@Kerkida_net) November 11, 2020