15-ти октомври е денот кога е родена познатата ТВ водителка Лила Филиповска, но славеничката се реши роденденот да го прослави еден ден порано, а секако дека имаше и причина за тоа.
Имено, Лила порадди снимањата на квизот „Се или нешто“ токму на тој ден, се одлучи да слави вака, а пак поради короната и мерките за заштита од истата, наместо роденденска забава, Лила имаше роденденски ручек во еден скопски ресторан.
Па така, на едно место таа ги собра своите најблиските, а меѓу нив беа синот Филип, неколку пријателки, нејзиниот асистент Спасе, новинарот Зоран Василевски и веројатно оние кои не сакаа да влезат во кадар.
Бројот на годините нема ниту да го споменеме, бидејќи кога станува збор за Лила, тоа воопшто не е важно поради енергијата и младешкиот дух кој го има во себе.
Секоја година таа беше досладна во организирањето големи роденденски прослави, но овој пат иако во помало друштво, веруваме дека беше слатко и за паметење.
Добриот изглед како и секој ден за Лила е задолжителен ама овој пат беше специјален – жежок и секси сочинет од впечатлив фустан со реси кој го имаше главниот стилски печат.
Инаку, минатата 2019 година Лила скокна уште една роденденска прослава и тогаш реши да го помине овој свој ден заедно со синот во Солун.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од гостите кои се најдоа на нејзиниот Инсатграм профил: