Коронавирус и заштита – Што да се прави со облеката и обувките кога ќе дојдете дома?

1216

За да се спречи пренесувањето на коронавирусот, се препорачува секогаш да ја повторувате оваа постапка секој пат кога ќе дојдете дома.

Првиот чекор е вратата од внатрешната страна да ја затворете со лакт или како и досега, но веднаш да ја пребришете кваката со средство за дезинфекција.

Следниот чекор е веднаш да ги дезинфицирате рацете, а потоа чевлите испрскајте ги со алкохол или друг течен дезинфиценс.

Во однос на облеката, соблечете се во ходникот. Облеката што сте ја носеле добро проветрете ја, минимум половина час затоа што вирусот КОВИД-19 се суши од ткаенините, па подолго од 20 минути не може да опстане.

Ова правете го секогаш кога ќе влезете дома.