„Коронавирусот е само за сиромашни!“: Видеото на оваа блогерка го разбесни светот!

662

Постапката на оваа девојка предизвикала многу реакции во целиот свет

Во овој период, неодговорното однесување може да им наштети на сите. Блогерката Ава Луис го шокирала целиот свет со својата постапка!

Во екот на пандемија на коронавирус, таа објавила видео во кое се гледа како лиже капак од тоалетна шолја во авионски тоалет, со описот: „вака се одржува хигиена на вистински начин“.

За три дена имала повеќе од 400.000 прегледи и многу негативни коментари.

„Што не е во ред со луѓето? Се’ би направиле за 15 минути слава!“, гласел еден од коментарите.

Ова видео не е единственото нешто со кое Ава го разгневила светот. Нејзината објава на социјалната мрежа Твитер исто така предизвикала лавина од коментари. Таа напишала:

„Од коронавирус ќе се разболат само сиромашните. Тоа е вирус исклучиво за сиромашни луѓе.“

Со оглед на тоа што сите светски медиуми ги пренеле нејзините зборови, како и видео, нејзиниот коментар на прашањето дали се кае поради постапката гласел:

„Секако дека не, сега сум глобална вест. Тоа е одлично.“