Како што е познато, два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се играат без присуство на публика.
Во Италија бројот на заразени и понатаму е висок и секој ден тој број се зголемува, па властите на Апенините на сите начини се борат против епидемијата.
Настанаа големи проблеми во италијанската Серија А, откажано е цело едно коло во кошаркарската лига, дури и гостувањата на италијанските клубови се проблем, па така Виртус во Белград му „гостуваше“ на Дарушафака.
Сега е одлучено и натпреварот од Лига Европа меѓу Интер и Гетафе ќе се одигра зад затворени врати, а тој меч е на 12. март.
Спортските клубови од Апенините се најдоа така во голем проблем, останаа без приход од влезници, а акциите на голем број клубови паднаа на Миланската берза.
За потсетување, до трети април мечевите во Италија би требало да се играат без присуство на публика, па така акциите на Јувентус доживеаја пад од 5,8 проценти, на 0.847 евра, што е најниско ниво уште од август 2018 година за торинскиот клуб. Тежок ден на берзата имаа и Лацио и Рома, на „Небесносините“ акциите им паднаа за 4,8 проценти, а на „Волчицата“ за 5,7 проценти.