„Коронавирусот за половина час исчезнува на температура од 56 степени целзиусови, а го уништува и сувиот воздух“

752

Од инфекцијата на коронавирусот можат да заболат сите старосни групи, најчесто се појавува во зима и во рана пролет додека пак во текот на летото и високите температури тој престанува.

Зошто е тоа така објаснува д-р Нада Кујиќ.

Откако во Кина се појавија првите случаи на заболени, а експертите ја “отклучија“ генетската секвенца на новиот коронавирус кој претходно не е дијагностициран кај човекот, моментално тој е најактуелната светска здравствена тема.

Речиси 90.000 луѓе во светот заболени се од новиот коронавирус, а бројот на заразени сè повеќе расте и надвор од Кина.

За среќа, поголемиот дел од пациентите имаат само поблаги симптоми, изјавија oд СЗО, додека пак стапката на смртност е помеѓу два и пет отсто.

„Ковид-19 е најновиот коронавирус кој е предизвикувач на моменталната епидемија која се прошири ширум светот. Тој најчесто предизвикува респираторни болести кои се слични на оние кај вообичаениот грип, но кои исто така можат да предизвикаат потешки компликации на белите дробови кои можат да завршат фатално. Ковид-19 досега од сите коронавируси предизвикал најобемна епидемија. Смртноста е слична на САРС коронавирусот“ – објаснува проф. д-р Нада Кујиќ.

Таа истакнува дека сите вируси кои имаат надворешна обвивка околу своите честички се чувствителни.

„Корона вирусите спаѓаат во оваа категорија. Се знае дека се чувствителни на висока температура додека од друга страна, добро ги поднесуваат ниските температури така што можат да опстојат на ниски тмеператури. Тие ја губат инфективноста за половина час на плус 56 степени. Кај ниската влажност и поголемите температури уште побрзо престанува да биде инфективен. Го уништуваат и стандардните средства за дезинфекција со тоа што подобро ја поднесуваат киселата средина (pH 6 – 6.5). Брзо го неутрализира и УВ зрачењето“ – наведува докторката Кујиќ.