Кортни Кокс за опседнатоста со естетските операции: “Не личев на себеси”

951

Актерката Кортни Кокс со години беше мета на критики како една од славните личности кои претеруваат со ботоксот, поточно со било какви естетски зафати.

Иако долго време избегнувала да дава коментари на оваа тема, Кокс пред две години признала дека не била задоволна со сопствениот изглед и дека стареењето ѝ паднало тешко, а пронашла спас во естетските операции. Барем тогаш верувала дека тие ќе ѝ помогнат да го задржи младешкиот изглед. 

Во меѓувреме, актерката се откажала од ботоксот и сличните начини на подмладување, а сега во разговор за “People” отворено проговорела за сопствениот изглед, но и самодовербата.

“Иако морав да прифатам дека стареам, тоа беше нешто што ми беше тешко за прифаќање”, ја започнала својата приказна и додала дека холивудските стандарди за убавина понекогаш се прилично строги.

Признала дека почнала да користи ботокс бидејќи не била задоволна со себеси, но по некое време сфатила дека благодарение на операциите повеќе не наликува на себеси и тогаш одлучила да престане.

Оттогаш поминале две години, а Кортни секој ден се чувствува сѐ подобро.

“Сега се прифаќам себеси и стареам со она што Бог ми го дарил, а не со она што пробувам да го променам”, изјавила ѕвездата на “Пријатели” и додала дека денес има многу повеќе самодоверба од претходно.