Џосеф Мајкл Јанг е “комбо-бек” поентер, кој во последниве три години настпува за тимот на Нанџинг. Во досегашниот период, кој го поминува во Кинеската лига се вбројува меѓу најефикасните стрелци во тамошното првенство. Иако неговиот тим не ги постигнува резултатите на кој се надеваше, и се наоѓа на 14-тото место на табелата, играта на Јанг е повеќе од импресивна. Во дуелот со Шан Донг го покажа сиот свој импресивен офанзивен арсенал.Џо Јанг постигна фантастични 74 поени но и покрај неговата поентерска експлозија, неговите “кралските мајмуни” загубија. Јанг е еден од најдобрите играчи кој се појавиле од Тексас. Во средношколските денови важеше за најдобриот млад играч во оваа Американска држава. Избран е на драфтот 2015 година, од страна на Индиана Пејсерс како 43 пик. Во трите години поминати во Индианаполис во кои не доби шанса за игра и по ниската минутажа се пресели во Кина каде имаше успешна сезона (2018). Лани се обиде да избори место во составот на Лос Анџелес Лејкерс но за жал, не успеа.По освојувањето на MVP наградата на мечот на најголемите ѕвезди во Кина, следуваше прекин на првенството. По продолжувањето на натпреварите, Јанг покажа дека е во уште подобра форма сега по паузата од 4 месеци (поради пандемијата). Веќе подолг период, за 188 цм. високиот стрелец се заинтересирани насилните тимови во Европа. Беше поврзуван со тимови од Италија, Шпанија а како најголем фаворит за неговиот потпис (во последно време) се наметнува поранешниот Европски шампион, Турскиот гигант, Фенербахче како и “кралскиот” Реал Мадрид. Останува да видиме по завршувањето на тековната сезона, на што ке се одлучи расниот стрелец, родум од Хјустон. Во меѓувреме, ужувајте во ова видео…
Димитар Младеновски