Косовскиот премиер Курти на средба со Мицкоски

213

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе го пречека и ќе биде домаќин на косовскиот премиер Албин Курти.

Како што соопштија од владината прес-служба, во рамки на посетата предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти, по што ќе следи билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни.

Предвидено е Мицкоски и Курти денеска да одржат заедничка прес – конференција во Медија центарот на Владата.

Се очекува во разговорите да стане збор и за инцидентот со претседателката на Косоово Вјоса Османи.