Најскапата српска збор е иднина, а не Косово“, изјави претседателот на Српската академија на науки и уметности „САНУ“, Владимир Костиќ, кој што тврди дека на Косово има таква омраза, што нема да ја спречат ниту границите.
Нагласувајќи дека зборува во свое име, а не во име на Академијата, академикот Костиќ изјави дека „не разбира што е тоа разграничување“, поимот кој што во изминатите неколку дена српскиот претседател Александар Вучиќ го најавуваше како решение на косовоскиот проблем.
Српскиот академик предупреди на можноста од судир, доколку српската и албанската заедница одбијат меѓусебно да се прифатат. Според него, ако двете заедници, Србите и Албанците „во прогресивен смисол не се прифатат едни со други, тогаш и со овие, и со новите граници, војна ќе има“.
Костиќ сугерира дека освен границите, треба да се земе во предвид и цела низа на други елементи, па така и тој дека „помеѓу двете етнички заедници постои една таква страшна омраза, која што утре нема да биде спречена ниту со нови граници“.
Според него, решението на проблемот подразбира „сериозни елементи, како што е кооперативноста на двете страни, во смисол на заеднички проекти – од заеднички граници, па можеби и до заеднички пазар. Сепак, тој додава дека во овој момент ниту една страна нема желба која што би водела во правец кон помирување и приближување.
Претседателот на „САНУ“ вели дека Србите и Албанците на Косово претставуваат „само корисни идиоти во играта на големите сили“ и додаде дека можно е да има „мека изолација“ на тие кои што ќе се спротистават на „ексклузивноста“ на Балканот ништо да не се менува.
Извор tocka.com.mk