Кошмарна вест го потресе светскиот фудбал среде натпревар од француската Лига 1. Имено, за време на дуелот меѓу ПСЖ и Нант (1-2) на „Паркот на принцовите“, домашниот тренер Маурицио Почетино го замени Анхел Ди Марија, бидејќи неговиот дом бил предмет на напад на крадци, додека сопругата и децата биле присутни во домот.
Леонардо од трибините му довикнуваше на тренерот Почетино, a потоа зборуваше со него по телефон, По разговорот Почетино веднаш го извади Ди Марија, а Аргентинецот замина во соблекувална и не остана на клупата со резервите како што е вообичаено.
Крадци провалиле во вилата на Аргентинецот и при грабежот киднапирале дел од семејството. Во домот се одвивала вистинска драма, а Аргентинецот итно пристигнал да го решава случајот. Детали од грабежот и киднапирањето не се познати.
Француската јавност е згрозена, а клубот му дава безрезервна поддршка на својот фудбалер.