Заложничката драма во украинскиот град Луцк на северозападот на земјата заврши после бизарната интервенција на претседателот Володимир Зеленски.
Непосредно пред апсењето на 44-годишниот киднапер Максим Кривош и ослободувањето на 10-те заложници кои ги држеше во автобус во Луцк, Зеленски објави кратко видео во кое го исполни барањето на киднаперот.
„Секој би требало да го погледне филмот “Earthlings” од 2005-та година“, порача украинскиот претседател во видеото.
На почетокот во автобусот имало 13 лица, а 3 биле ослободени откако киднаперот разговарал лично со претседателот Зеленски. Украинскиот претседател непосредно по разговорот со киднаперот објави и видео во кое на руски јазик ги повикува граѓаните да го погледнат филмот.
Документарниот филм “Earthlings” се осврнува на користењето на животните од страна на човекот во најразлични цели – од чување како домашни миленици, до експериментирање со животни за научни цели. Во филмот можат да се видат и тајно направени снимки кои сведочат за тоа како човекот во различни околности се однесува кон животните.
With all hostages free and the hostage-taker in custody, President Zelensky has deleted the Facebook video of himself complying with the armed man's demand to promote the 2005 film Earthlings featuring narration by Joaquin Phoenix. But here it is for posterity. pic.twitter.com/lPcHB8XD3H
— Christopher Miller (@ChristopherJM) July 21, 2020
По завршувањето на заложничката криза, Зеленски го избриша видеото. Драмата заврши откако антитерористичката единица на силите за безбедност го опкружи автобусот и успеа да го уапси киднаперот и да ги ослободи заложниците.