Чернобил, HBO мини серијата од пет епизоди, и официјално е најдобро оценетата серија во историјата. После вчерашната последна епизода, сите гледачи се сложиле дека Чернобил ја надополни празнината која настана после завршувањето на Игра на тронови.
„The Guardian“ поразговарале со екипата која работела на сетот и направила фантастична работа, особено кога станува збор за изгледот на актерите од 80-те години на минатиот век во Советскиот Сојуз. Една од најтешките задачи ја имал мајсторот за маски, Даниел Паркер, кој морал да го долови изгледот на луѓето кои умирале од директна изложеност на радијацијата.
Во серијата неколку ликови умираат од директна изложеност на зрачењето, како што се пожарникарите и Александар Акимов, шефот на ноќната смена во централата на Чернобил. Во серијата, тој умира во тешка агонија, а на крајот останува без лицето, бидејќи кожата едноставно му исчезнува и паѓа од коските.
„Не постои полош начин да умрете. Тоа е агонија каква што не може да замислите, болка полоша од секоја друга“, вели Паркер кој за време на работењето на серијата се служел исклучиво со медицински книги за да може најдобро да го долови изгледот на луѓето кои умирале од радијацијата.
„Најлошо е тоа што чернобилските жртви не пиеле никакви лекови против болки“, вели Паркер.