Последната заедничка фотографија парот ја објавил минатиот месец во Доминиканската Република каде што Лопез го снима најновиот филм „Shotgun Wedding“, но очигледно дека Алекс се вратил во Мајами.
Обожавателите ширум светот останале без текст поради веста дека латино дивата Џенифер ја раскинала двегодишната веридба со легендарниот Алекс Родригез.
Како што пренесува американски „Page Six“, Џеј Ло неодамна за медиумите раскажала како со поранешниот спортист во време на пандемија одела на заедничка терапија, но ниту тоа не вродило со плод во нивниот однос. Инаку, поранешниот пар во врска бил од 2017 година.

Изгледаше сè совршено, парот ги одгледуваше децата од претходните бракови, тренираа заедно, заедно се појавуваа на сите настани, но…
Џеј Ло од бракот со латино пејачот Марк Ентони има близнаци Ема и Максимилиан. Алекс од бракот со Кејтлин ги има децата Наташа и Ела.
Веста за раскинувањето на еден од најпознатите селебрити парови во САД доаѓа неколку месеци откако тамошните шоубиз медиуми ја објавија наводната афера на Родригез со Медисон (31).

„И претходно имаше проблеми, но скандалот со Медисон е капката која ја прели чашата. Џенифер не можеше да го поднесе тоа. Ѝ одѕвонуваше во главата дека Алекс ја изневерува со 20 години помладата ријалити ѕвезда“, напишал најпознатиот селебрити блогер Перез Хилтон.
