Крај на приказната: Тотенхем го отпушти Мурињо!

631

Трофејниот португалски стручњак Жозе Мурињо повеќе не е тренер на англискиот премиерлигаш Тотехнем.

Клубот од северен Лондон одлучи да ја прекине соработката со Мурињо по само 17 месеци и тоа на само неколку денови пред финалето со Манчестер Сити во Лига Купот. „Специјалиот“ од ноември 2019 беше на чело на Тотенхем кога го замени Маурисио Покетино, а целта беше да му помогне на клубот да напредува и биде конкурентен за титули.

Меѓутоа тие цели не се остварија, екипата минатата сезона ја заврши на шестото место во Премиер лигата, во актуелнава се на седмата позиција и со мали шанси да дојдат до ЛШ, плус не треба да се заборави дека Тотенхем беше елиминиран од Динамо Загреб во осминафиналето на Лигата на Европа.

Ова за Жозе беше трето искуство во Англија, претходно ги водеше Манчестер Јунајтед и Челси.